Мајкл Џеј Фокс за борбата со Паркинсон: Хуморот ми помага да преживеам

Date:

Актерот Мајкл Џеј Фокс, познат по улогата на Марти МекФлај во филмскиот серијал „Back to The Future“, се бори со Паркинсоновата болест повеќе од 30 години.

Дијагнозата му беше дијагностицирана во 1991 година кога имаше само 29 години и му донесе многу предизвици, но и инспиративни моменти. Зборувајќи за People, Фокс објасни како црниот хумор му помага да се справи со тешките моменти.

„Сакам да се шегувам на моја сметка. Луѓето можеби се чувствуваат непријатно, но хуморот ми помага да преживеам и ми дава сила“, вели тој.

Иако имаше многу здравствени предизвици, Фокс оствари огромно влијание. Во 2000 година ја основа својата фондација за истражување на Паркинсоновата болест, која досега има собрано повеќе од две милијарди долари за истражувачки цели.

Фондацијата стана најголемиот приватен инвеститор во светот во истражувањето на Паркинсоновата болест, а Фокс се ангажиран да го забрза откривањето на лекот.

„Мојата борба не е само моја. Тоа е борба на сите нас кои живееме со Паркинсоновата болест и нема да престанам додека не најдеме решение“, изјави Фокс.

Актерот изрази посебна благодарност до неговата сопруга Трејси Полан, која го поддржуваше низ годините. Освен неа, многу му значела и поддршката од неговите блиски пријатели.

Паркинсоновата болест влијаела на неговиот секојдневен живот и му нанела многу повреди. Неодамна ја скрши раката и го повреди лицето поради губење на рамнотежата, па на тоа се пошегува и рече: „Кога ќе паднам се шегувам дека не паднав, само ја сменив перспективата“.

Мајкл зборуваше за својата борба со болеста во документарниот филм „Still“, а првиот симптом го почувствувал во 1990 година за време на снимањето на филмот „Doc Hollywood“. Се обидувал да ја сокрие дијагнозата, а за да го сокрие тресењето често вртел предмети во проблематичната“ рака. Неодамна реши да се повлече од светот на актерството.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Луда маратонска трка, го победи ривалот за 0,01 секунда

Маратонот што се одржа во Лос Анџелес веројатно ќе...

Победа на Вардар и реми на Шкендија во ПМФЛ

Лидерот на табелата Вардар постигна победа од 1:0 на...

Рецепт за кус кус со печурки и праз: Превкусен посен појадок

Време е на велигденските пости, а овој појадок можете...

Две држави би можеле да преживеат НУКЛЕАРНА ВОЈНА, Австралија и Нов Зеланд

Во случај на глобална нуклеарна војна, т.е. во крајниот,...