Британскиот актер Мајкл Кејн (90) го заврши својот последен филм во кариерата, јавуваат странските медиуми. Станува збор за филмот „The Great Escaper“ каде што тој го игра Бернард Џордан, ветеран од Втората светска војна кој бега од старечки дом за да присуствува на 70-годишнината од Денот Д во Франција.

Иако еднаш кажа дека се пензионирал, продолжил да снима. Но, овој пат дефинитивно реши да се пензионира, пишува The Telegraph.

– Имам проклети 90 години и не можам добро да одам, и се што оди со тоа – рекол актерот.

Актерот нема снимено три години, а последниот филм во кој ќе ја игра улогата на ветеран од Втората светска војна ќе се појави во британските кина на 6 октомври.

– Тој лик е неверојатен, а освен тоа, сценариото е толку убаво напишано. Со Ковид и пандемијата, не снимав три години и мислев дека завршив со тоа. И одеднаш повторно работев на филм и си поминував толку одлично“, изјави Кејн.

Тој истакна дека актерската екипа му дала „добар бастун“ бидејќи не може да оди без помагало.

– Само еднаш би снимил сцена, а потоа би паднал – објаснил тој.

Почна да глуми во 50-тите години во филмот „Рид во Кореја“ кој се смета за негов дебитантски филм.

Тој беше номиниран за шест Оскари, а ја доби наградата за најдобра споредна машка улога во „Хана и нејзините сестри“ во 1986 година и во 1999 година во „The Cider House Rules“.

Некои од неговите најголеми улоги се во филмот „Тивкиот Американец“, „Образованието на Рита“ и легендарниот лик на Алфред Пениворт во трилогијата за Бетмен, во режија на Кристофер Нолан.

Актерот денес живее во Вимблдон со сопругата Шакира Бакс, со која ја има ќерката Наташа.