Мајкл Даглас ќе добие почесна Златна палма во Кан

Date:

Холивудскиот глумец Мајкл Даглас на Филмскиот фестивал во Кан кој ќе се одржи овој месец ќе ја добие наградата Златна палма.  Организаторите на најголемиот филмски фестивал рекоа дека Оскаровецот на 16 мај ќе ја добие наградата како признание за неговата кариера и ангажман во кинематографијата.

Тој е познат по неговите разни улоги, вклучувајќи ги и филмовите како „Синдромот Кина“, „Основен инстикт“, „Ден на лудилото“ и „ Зад канделабрите“, од кои сите беа прикажани во Кан.

„Секогаш е освежувачки да се биде во Кан. Овој фестивал отсекогаш обезбедувал прекрасна платформа за смели креатори, уметничка смелост и извонредност во раскажувањето“, рече Даглас, кој е познат и по улогата на „Волстрит“ и „Фатална привлечност“.

„Од моето прво доаѓање тука во 1979 година, „Синдромот Кина“, до последната премиера на филмот „Зад канделабрите“, во 2013 година, фестивалот секогаш ме потсетува дека магијата на филмот не е само во она што го гледаме на платното, туку и неговата способност да влијае на луѓето ширум светот“, додаде глумецот.

Почитта на Даглас ќе биде одбележана и со премиерата на досега необјавениот документарен филм „Мајкл Даглас, блудниот син“ од режисерот Амине Места. Во продукција на Folamour и наскоро ќе се емитува на Арте, проектот ќе се прикажува на фестивалот два дена, почнувајќи од 14 мај.

Од претходните добитници кои ја освоиле оваа награда се покојната француска филмска режисерка Агнес Варда и актерката Џоди Фостер. За потсетување канскиот филмски фестивал во 2023 година ќе трае од 16 до 27 мај.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Помошникот на Конте излезе со информација: Елмас има грип!

Помошникот тренер на Наполи, Кристијан Стелини, вечерва за италијанските...

Лука и Дино од Прилеп се иднината на македонското воздухопловно моделарство

Шеснаесетгодишниот Лука Најдоски во Прилеп е „чудо од дете“....

THE PUBLICISTIC ACTIVITY OF SLAVÈ KATIN (18)

35. “MACEDONIA IN ANCIANT TIMES” The book “Macedonia in Anciant...

Поранешен советник на Трамп: Канада е следната Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да се спротивстави...