Мајка со две деца заглавена на Водно, ја пропуштила жичницата, ја спасувал џип на АРМ

Date:

Од ЦУК информираат дека на врвот на Водно е пронајдена жената со две малолетни деца, која барала помош, по интервенција на неколку субјекти жената е спуштена до Средно Водно кај автомобилот.

– На бројот за итни случаи 112 е добиена порака дека на врвот на Водно кај жичницата, останале лица кои барале помош.

Поточно помош барала жена со две малолетни деца, бидејќи задоцниле да се вратат и немале и не знаеле друг начин за да се симнат кон Средно Водно, жичницата повеќе не работела и мракот веќе не им дозволувал да се движат безбедно.

ЦУК побара помош од ЈСП од каде рекоа дека жичарата веке е затворена и дека не може повторно да се активира. Дежурните од Секторот за операции и координација во ЦУК, биле во постајана комуникација со госпоѓата, со генералниот секретар на Црвениот Крст и со други можни субјекти коишто можат да помогнат при вакви ситуации.

По куса координација, била решена ситуацијата со задоцнетите посетители на врвот на Водно над Скопје. Со службен џип на Армијата, кој бил во околината биле пронајдени и превезени до нивното возило на Средно Водно.

По 21.00 часот жената се јавила во ЦУК за да каже дека се е воред и дека се враќаат дома, информираат од ЦУК.



Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Поранешната сопруга на Арнолд Шварценегер ги објави своите мемоари: „Разводот беше брутален“

Марија Шрајвер и Арнолд Шварценегер беа во брак 25 години, а потоа...

Бен Афлек прв пат јавно зборуваше за разводот со Џенифер Лопез

Во големото интервју за магазинот „Џи-кју“, Бен Афлек отворено зборуваше за...

Се појавија првите фотографии од Џуд Ло како Путин во „Волшебникот од Кремљ“

Џуд Ло неодамна потврди дека ќе го глуми рускиот...

Ѕвездата на „Озборувачка“ стана татко! Ед Вествик го откри името и полот на бебето

Актерот Ед Вествик (37), најпознат по улогата на Чак Бас во...