Мајка од Мелбурн предизвика дебата со својот став, полесно е да работиш отколку да си домаќинка

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ admin_label=”section” _builder_version=”3.22″ global_colors_info=”{}”][et_pb_row admin_label=”row” _builder_version=”3.25″ background_size=”initial” background_position=”top_left” background_repeat=”repeat” global_colors_info=”{}”][et_pb_column type=”4_4″ _builder_version=”3.25″ custom_padding=”|||” global_colors_info=”{}” custom_padding__hover=”|||”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

Има семејства во кои жените, откако ќе станат мајки, свесно одлучуваат да не се вратат на работното место, туку што повеќе да се посветат на семејството и воспитувањето на своите деца. Тоа може да биде тешка одлука, земајќи ги предвид различни фактори.
Мајка по име Сара го споделила своето мајчинстко искуство на својот TikTok, односно кажала каква мајка е, а потоа предизвикала голема полемика на мрежите.

„Да се ​​оди на работа е многу полесно отколку да се остане дома со децата, а еве зошто. Во работните денови кога треба да одам на работа, слушам музика сама, пијам кафе, шетам низ градот. Одам во канцеларија и имам разговори со возрасни, односно користам други делови од мозокот кои не се користат во деновите кога сум дома со децата. Но, тогаш ми недостигаат моите деца и едвај чекам да ги видам кога ќе се вратам дома и едвај чекаат да ме видат“, признава оваа мајка од Мелбурн.
Кога станува збор за мајките кои остануваат дома, Сара мисли дека всушност е многу потешко, бидејќи може да поминете денови „без нормален човечки разговор“.
„Од моментот кога ќе ги отворите очите наутро до моментот кога ќе ги затворите навечер, мора да бидете 100 проценти вклучени во сè. Тоа е постојан конфликт, тоа е постојана потреба на сите други, децата ви викаат, вие им викате на децата и се е во тоа дека треба да направите нешто за некој друг“, додава таа.
Родителите со различни мислења веднаш проговориле во коментарите, а некои велат дека тоа многу зависи од работата на родителот како и дека останувањето дома е полесно.

„Јас сум мајка која останува дома и тоа е 100 пати полесно отколку да одам на работа. Секако дека има предизвици, но тоа всушност е одмор за мене”, напишала една корисничка.
„Јас не се согласувам. Можеби затоа што работам како помошничка на постари луѓе, но секогаш ми е полесно да останам дома со моите деца отколку да работам“, додава друга корисничка.

Имало и други мислења.
„На родител кој останува дома му треба повеќе сон. Да, другите родители можеби вршат повеќе физичка работа, но тие спијат доволно секоја вечер“, коментирала трета корисничка.
„Сто проценти се согласувам. Самохрана мајка сум и неодамна се вратив на работа. Ќерка ми е со дадилка додека работам, а работните денови ми се многу порелаксирани“.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонската амбасада во Пекинг го одбележа „Денот на сесловенските просветители”

Во македонската амбасада во Пекинг се организираше културен настан...

Црвениот крст одбележува 80 години од основањето

Црвениот крст на Македонија денеска одбележува 80 години од...

МАРИХУАНА Е НАЈКОРИСТЕНА ДРОГА ВО МАКЕДОНИЈА

Канабисот е најкористена дрога во Македонија, а 53 отсто...

Бајден има неизлечив рак на простата

На поранешниот американски претседател Џо Бајден му е дијагностицирана...