Кошаркарите на Мајами Хит и ЛА Лејкерс поведоа со 3:1 во плеј-оф сериите против Милвоки Бакс, односно Мемфис Гризлис.

Неверојатниот Џими Батлер со 56 поени го предводеше Мајами до победата над Милвоки на Истокот од 119:114. Милвоки во последниот период влезе со предност од 11 поени, но немаа решение за Батлер, кој во последните седум минути постигна 21 поен и практично му донесе победа на својот тим.

Покрај Батлер, во редовите на тимот од Флорида се истакна Адебајо со 15 поени и осум скока, Мартин имаше 12, а Винсент 10 поени.

Брук Лопез постигна 36 поени и 11 скока за Бакс, Адетокунбо оствари трипл дабл со 26 поени, 10 скока и 13 асистенции, а Холидеј и Мидлтон постигнаа по 14 поени. Петтиот натпревар се игра во Милвоки.

И на Западот, послабо рангираната екипа пред плеј-офот е пред промоција во следната рунда. Лос Анџелес Лејкерс го совлада Мемфис со 117:111 по продолжение.

Херој на градот на ангелите е Леброн Џејмс, кој погоди на 0,8 секунди и го однесе натпреварот во дополнителните пет минути. Регуларниот дел заврши 104:104.

Во дополнителните пет минути Лејкерси подобро се снајдоа и стигнаа до голем триумф преку Џејмс, Дејвис и Ривс.

Ривс со 23 и Леброн со 22 поени, неверојатни 20 скока и седум асистенции ги предводеа Лејкерси, а го следеа Расел со 17 и Вандербајт со 15 поени. Бејн постигна 36 поени за Мемфис, додека Морант имаше 19 поени со само 33 отсот реализиција.