Маската „Тутуноберачите“ освои Гран при на прилепскиот карневал „Прочка 2024“

Date:

Групната маска „Тутуноберачите“ на децата од прилепските градинки „Наша иднина“ ја понесе Гран при наградата на годинашниов прилепски карневал „Прочка 2024“.

Прво место освоија учениците од ОУ „Рампо Левката“ со маската „Весела дружина на водното царство“. Поединечно, најдобра беше маската „Мистик“ на Мила Спироска од ОУ „Климент Охридски“.

На карневалот во Прилеп околу 500 учесници ги претставија своите маски пред прилепчани. Карневалското дефиле го предводеа прилепските мечкари кои се заштитна маска на Карневалот и се прогласени за нематеријално културно богатство од Министерството за култура.

Карневалските свечености траеја три дена.

Во своето обраќање градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески рече дека во духот на вековната традиција и прилепските и македонски обичаи, денес се празнува празникот Прочка кој што од верски аспект претставува манифестација на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните.

„Со својата автентичност и културно богатство карневалот „Прочка“ не случајно е дел и од најголемата карневалска асоцијација, Меѓународната конвенција на европските карневалски градови на која неколкупати сме биле и домаќини.

Симболот на прилепскиот карневал „Прочка“ е маската „Прилепски мечкари“ која е традиционална автентична маска, вон конкуренција и преставува нематеријално културно наследство на Република Македонија. Таа е нашата гордост и затоа во оваа прилика сакам да им честитам за освоените награди на Здружението, што ги добиваат ширум светот , претставувајќи ја македонската култура и афирмирајќи го нашиот град.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ПСЖ со лекција за Реал Мадрид до место во финалето на Светското клупско првенство 

Европскиот шампион ПСЖ го реши победникот во полуфиналето на...

СОЛУНСКИТЕ БРАЌА СВЕТИ КИРИЛ И СВЕТИ МЕТОДИЈ (21)

ДЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“ НА...

ЗА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ НЕ ПОСТОЈАТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ

Европратениците ги избришаа термините македонски јазик и идентитет од...

“За да постои, на македонскиот народ не му е потребна ваша дозвола“

Извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од европратеникот Томас...