Масакр во САД: убил 8 луѓе, шефот на полицијата досега не видел полошо злосторство

Date:

Властите на американската сојузна држава Илиноис ja финишираа големата потрага по 23-годишниот Ромео Ненс, осомничен за убиство на осум лица со огнено оружје во градот Џолиет, на околу 56 километри од Чикаго, извести полицијата.

Масовниот убиец бил пронајден во голема полициска потрага во близина на градот Наталија, Тексас, каде по пресметката со полицијата извршил самоубиство. Засега не е познат мотивот за убиствата, но осомничениот ги знаел своите жртви, соопштија полициските службеници во изјава за медиумите.

Првата жртва, 28-годишен маж со потекло од Нигерија, кој живеел во САД во последните три години, бил застрелан од осомничениот во неделата попладне од неговото лично возило. Следното утро, полициските службеници пронашле пет тела во куќата во која живеел осомничениот, а потоа уште две тела во куќата спроти улицата, со што бројот на жртви се искачи на осум.

За последните седуммина убиени, чии тела се пронајдени во две куќи, полицијата смета дека се членови на исто семејство.

„Јас сум полицаец веќе 29 години. Ова е веројатно најлошото злосторство што сум го сретнал“, рекол шефот на полицијата на Џолиет, Вилијам Еванс.

Ден Џанглс, началникот на полицијата во округот Вил, рече дека сè уште не е познато колку долго луѓето во домовите биле мртви пред да бидат пронајдени. Покрај тоа, во престрелката е ранета и 42-годишна жена, за која постои сомневање дека е истото лице, но таа не била поврзана со другите жртви.

Мажот осомничен за убиство на осум лица во Џолиет, Илиноис, од кои седуммина од исто семејство, е пронајден мртов во Наталија, Тексас, а се претпоставува дека си го одзел животот со истрел од пиштол по пресметка со полицијата во Тексас.

Како што пренесува Си-Би-Ес Њуз (CBS News), осомничениот е идентификуван како Ромео Нанс, а мотивот за убиствата е непознат и полицијата претпоставува дека осомничениот не ги познавал жртвите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Православните го слават Велигден, Христос воскресна, навистина воскоресна!

Денешниот ден Воскресението Христово, Велигден е најголемиот празник за...

Православните и католичките верници годинава го слават Велигден на ист ден

Оваа година и православните и католичките верници го слават...

Силекс со супер-пресврт го победи Шкупи, Шкендија триумфално со Беса, победа и на Работнички

Шкендија и Силекс ја продолжуваат активно битката за титула...