Режисерот Мартин Скорсезе откри во новото интервју за ЛА Тајмс дека неговиот следен религиозен филм ќе биде сместен главно во денешно време и ќе се базира на книгата на Шусаку Ендо „Животот на Исус“.

Режисерот предвидува дека филмот ќе трае околу 80 минути. Според LA Times, филмот ќе се фокусира на, како што вели, „суштинските учења на Исус“.

„Се обидувам да најдам нов начин да го направам подостапно и да го одземам негативниот товар на она што е поврзано со организираната религија“, рече Скорсезе и додаде.

„Во овој момент, „религија“, кажете го зборот и сите се на штрек бидејќи не успеа на многу начини. Но, тоа не мора да значи дека првичниот импулс бил погрешен. Да се вратиме назад. Ајде само да размислиме за тоа. Може да го отфрлите… Но, тоа може да направи разлика во тоа како го живеете животот – дури и ако го отфрлите. Не го отфрлај туку-така. За тоа зборувам. И ова го кажувам како некој што ќе има 81 година за неколку дена.“

Скорсезе веќе го заврши пишувањето на сценариото за филмот „Исус“ со критичарот и режисер Кент Џонс. Според LA Times, Скорсезе планира да го снима филмот подоцна оваа година, пишува Variety.