Американскиот актер Марк Руфало (56) доби своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. За време на церемонијата, чест му оддаде актерката Џенифер Гарнер (51).

„Колку сме среќни што бевме во филм, по кој децата сè уште се облекуваат за Ноќта на вештерките“, рече Гарнер во својот говор.

„Да работам со тебе, Марк, значи да те сакам, не ми е грижа што ќе каже некој. Ти дозволи да бидеш целосно познат од твоите колеги, од публиката, од светот“, рече таа. „Твојата работа во филмот ‘Кутри нешта’ ги заслужува сите награди. Секогаш кога ќе се спомне твоето има Холивуд зема длабок колективен здив и вели: ‘Во ред, се случи добрата и вистинската работа’”.

Актерот е познат по улогата на Хулк во серијата „Одмаздници“, а има снимено и бројни филмови како „Матни води“, „Господари на илузијата“ и „Кутри нешта“.

– Марк Руфало е извонреден талент со непоколеблива посветеност на својот занает. Со своите изведби ја шармираше публиката ширум светот – изјави продуцентката Ана Мартинез.

Актерот сега е дел од Булеварот на славните, кој досега има вкупно 2.765 ѕвезди, а секоја година се додаваат дваесет нови. „Патеката“ е долга околу 2,1 километар, а годишно ја посетуваат десет милиони луѓе.