Марк Ентони стана татко по осми пат

Date:

Латино-ѕвездата Марк Ентони (57) и неговата сопруга, поранешната мисица Надија Фереира (27), го добија своето второ заедничко дете, а за пејачот стана татко по осми пат. Среќната вест парот ја сподели на социјалната мрежа Инстаграм, објавувајќи неколку фотографии од новородената ќерка на која ѝ го дадоа името Мајла, пишува „Пипл“. 

„Голем благослов е што можеме со вас да го споделиме доаѓањето на нашата драгоцена Мајла. Не можете ни да ја замислите среќата што ја чувствуваме во нашиот дом“, напиша парот под заничкиот пост.

Малата Мајла му се придружи на нивниот постар син Марк, кој се роди во јуни 2023 година. Бременоста официјално ја потврдија во јануари годинава, а во март открија и дека очекуваат девојче.

Ентони и 30 години помладата Надија се венчаа во мај 2023 година во Мајами, а за музичарот ова е четврти брак. Тој зад себе има плоден семеен живот со четири различни жени.

Неговото најстаро дете е ќерката Аријана, родена во 1994 година од врската со Деби Росадо, со која го посвоија и синот Чејс. Од бракот со танчерката Дајанара Торес ги има синовите Кристијан (25) и Рајан (22), додека од десетгодишниот брак со Џенифер Лопез ги има 18-годишните близнаци Максимилијан и Оскар.

Запоставувањето на обврските околу најмладите близнаци неодамна го стави пејачот во фокусот на јавноста, откако Џенифер Лопез во едно гостување јавно истакна дека децата ги воспитувала речиси без никаква негова помош, а тој дополнително предизвика критики откако не се појави ниту на нивната матурска прослава.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Арсими со победа го отвори третото ПМФЛ коло

Тимот на Арсими ги освои првите три бода сезоната,...

Лејкерси по вторпат продадени за само 14 месеци 

НБА-лигата, но и навивачите на Лејкерс, сè уште се...

THE NEW CHURCH “ST. APOSTOL THOMAS” –PART I (19)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN God's...

Брза фритата со зеленчук

Искористете го зеленчукот што го имате во фрижидер и...