Пејачот Марк Ентони откри дека го очекува своето седмо дете со сопругата Надиа Ферер, само две недели по неговота раскошна венчавка.
Поранешниот сопруг на Џеј Ло ја сподели среќната вест на пост на Инстаграм, на кој го покажа трудничкиот стомак на сопругата.
Марк слатко ја ставил неговата рака на стомакот на сопругата, додека таа во прв план го истакнала големиот дијамантски прстен.
„Најдобриот подарок за денот на вљубените!!! Ти благодарам Господе за овој голем благослов во нашите животи“ – пишува под постот.
Марк и Надиа, помеѓу кои разликата е 30 години, биле преплавени од пораки и честитки, а меѓу првите кои честитал е Ромео Бекам, кој оставил три емоџиња во вид на срце.