Латино ѕвездата Марк Ентони и неговата сопруга, манекенката и мис Парагвај, Надја Фереира, го добија прво заедничко дете. Новороденото бебе имаше и одличен тајминг бидејќи пристигна токму на Денот на татковците.

Поранешниот сопруг на Џенифер Лопез деновиве ги живее најсреќните денови во својот живот. Чувството што веќе го почувствувал шест пати повторно му се врати, бидејќи го дочека и седмото дете.
Ентони својата среќа ја сподели и на инстаграм-профилот.
Покрај црно-белата фотографија од нивното бебе како лежи на голите гради на Марк Ентони и ја држи мајчината рака, во описот стои: „Божјото време е секогаш совршено. Среќен Ден на татковците“.

Ентони и неговата сопруга Надја Фереира објавија дека чекаат принова оваа година на Денот на вљубените.
Триесет години помладата манекенка сега стана мајка за првпат, но веќе искусниот Ентони е тука за да и се наде во секој момент. Ентони е татко на седум деца, а најстарата ќерка веќе има 28 години.
Со поранешната девојка Деби Росадо првпат стана татко на ќерката Аријана пред 28 години, а потоа го добија и синот Чејс. Со поранешната сопруга Дајанара Торес ги има синовите Кристијан и Рајан, а најголемо медиумско внимание, сепак, имаат близнаците Ема и Максимилијан кои ги доби од бракот со Џенифер Лопез.