Маркл: Арчи нема да ја добие скапата „играчка“ што ја сака

Date:

Меган Маркл минатиот месец беше домаќинка на претставувањето на филмот „Потоа“ (The After) на Нетфликс, со Дејвид Ојелово, режиран од Мисан Хариман.

Разговорот се одржа во Монтесито, Калифорнија, САД, во домот што Меган го дели со принцот Хари и нивните две деца, Арчи и Лилибет.

Во разговорот Меган откри дека нејзиниот син (4) има ново хоби. Станува збор за фотосесија што го воодушевила откако го запознал познатиот фотограф Хариман, кој стои зад некои од портретите на војводата и војвотката од Сасекс, пишува „Пипл“ (People).

– Инспирацијата му е длабока, откако минатиот пат Мисан му покажа на нашиот 4 – 4,5 годишен син како да фотографира. На Арчи му купив фотоапарат, но тој вели дека не е тој. Сакал „Леика“, каква што има Мисан, раскажа Маркл.

Му рекла „Не добиваш ‘Леика’! Ниту за Божиќ“.

– Но, ти благодарам што го инспирираш!, нагласи Меган обраќајќи му се на Хариман.

Се чини, хобито на Арчи не е изненадување. Имено, бабата на принцот Хари – кралицата Елизабета често знаеше да го има апаратот в рака – токму нејзината „Леика“ фотографирајќи го на пример својот сопруг додека се натпреварува со кочии. И Меган (42) и Хари (39) исто така сакаат да фотографираат.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ЕТНОГЕНЕЗАТА – ПОТЕКЛОТО НА ДРЕВНИТЕ (АНТИЧКИТЕ) МАКЕДОНЦИ (5)

ДЕЛ ОД АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“...

Дејвис Куп: Македонија загуби од Летонија, но обезбеди пласман во Втората Европска зона

Македонската Дејвис Куп репрезентација ја оствари главната цел на...

Германско финале во ЛШ: Магдебург по голема драма ја победи Барса

Магдебург се пласираше во финалето на Лигата на шампиони,...

Киноа-салата со печен сладок компир, авокадо и фета

Оваа салата е вистински фестивал на бои и вкусови...