Некогашниот светски шампион, Марк Маркез успеа да слави победа на трката за Големата награда на Австралија.
Маркез успеа да заврши пред Хорхе Мартин од Прамак и така ја запиша својата 88. победа во кариерата. Последното место на подиумот го пополни актуелниот шампион Франческо Бањаја кој заврши како трет.
Следниот викенд на програмата е трката за Големата награда на Тајланд.