Марихуана, дрога, дробилка…полицијата вчера апсеше на повеќе локации во Скопје за дрога.

На 26.10.2023 во 21.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Н.П.(32) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.

На 26.10.2023 во 09.30 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.Ј.(38) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

На 26.10.2023 во 14.50 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(43) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

На 26.10.2023 во 14.40 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на сите одделни случаи ќе следи соодветен поднесок против сторителите.