Точно десет години откако го освои Вимблдон, 36-годишниот Енди Мареј најверојатно го одигра својот последен меч во кариерата на овој грандслем турнир.
Мареј беше исклучително разочаран по поразот во пет сета од Гркот Циципас, во меч кој во два дена траеше четири часа и 40 минути.
„Многу сум разочаран. Очигледно, никогаш не знаете колку можности ќе имате да играте тука. Поразите се можеби малку тешки сега. Мотивацијата е важна работа, а раните порази на вакви порази никако не помага во тоа“ – вели Мареј, кој на прашањето дали и следна година ќе игра на Вимблдон вели дека не знае…
„Долго размислував за некои работи и за оваа година. Разговарав и со своето семејство, па одлучив да продолжам понатаму. Не планирам да застанам сега, но ова ќе треба време да се преболи. Се надевам дека ќе пронајдам нова мотивација за да продолжам да тренирам. Но, ќе видиме“ – истакнува Мареј.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]