Маргот Роби е многу зафатена овие денови – се наоѓа на светска турнеја за промоција на нејзиниот нов филм „Барби“, а се чини дека ПР-тимот на филмот смислил одлична маркетинг-кампања.
Имено, Марго во јавноста се појавува облечена исто како Барби, а ако некогаш сте се запрашале како би изгледала живата барбика, сега дефинитивно го имате одговорот! Убавата холивудска актерка беше совршен избор за оваа улога и тоа сега е јасно како ден.
Марго неодамна се појави на промоцијата на филмот во Сеул, Јужна Кореја, а за оваа пригода избра слатка, младешка комбинација, која не можеше да остане незабележана.

Познатата 33-годишна дама блескаше во винтиџ розовиот комплет на Москино, а го надополни со розови папучи од Маноло Бланик, чанта во облик на срце, панделка во косата, па дури и розов кармин.
Инаку, стилистот Ендрју Мукамал работи на имиџот на Марго за потребите на оваа турнеја, а секое издание што актерката го носела досега е доста ретро и има вибрации од 1950-тите и е инспирирано, па дури и целосно ископирано од оригиналната Барбика.
