Марго Роби прв пат е снимена како го шета новородениот син

Date:

Актерката Марго Роби (34) и нејзиниот сопруг, продуцентот Том Акерли, станаа родители на момче, но веста ја чуваа за себе цели две недели.

Сега новопечените родители уживаат во заедничките прошетки со синот. Марго за една од првите прошетки избра лежерна комбинација од црни широки панталони, црн топ и предимензионирана бела кошула.

Во прошетката најпрво ѝ се придружил нејзиниот пријател, а подоцна и нејзиниот сопруг Том, со кого е во брак осум години.

Да потсетиме, ова е прво дете за австралиската актерка и нејзиниот сопруг. Веста за нејзината бременост се појави на почетокот на јули. Набргу потоа парот беше виден на Вимблдон, а актерката за прв пат го покажа трудничкиот стомак.

Двојката се запознала во 2014 година додека работела на филмот Suite Française, а две години подоцна тајно се венчале во Австралија. Приватниот живот го држат подалеку од очите на јавноста, а заедно почнаа да се појавуваат дури за време на прес-турнејата за објавувањето на филмот Барби, во кој Марго ја игра главната улога.

Иако Том не е актер, тој работи во филмската индустрија. Кариерата ја започнал како продукциски асистент. Пред тоа, тој се појави како статист во првите три филмови за Хари Потер. Кога првпат се сретнаа на снимање во 2013 година, Марго ја играше Селин додека Том беше зад камерата како асистент режисер.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...