Вчера се играа натпревари од Лигата на Европа, а во средбите кои се играа од 21:00 часоот и не видовме некое поголемо изненадување.
Јувентус на домашен терен го совлада Фрајбург со 1:0. Домнинираше Јувентус од почетокот до крајот на натпреварот, но на крајот во Германија ќе патува само со минимална предност. Фрајбург го заврши натпреварот без ниту еден шут во рамките од голот.
Манчестер Јунајтед беше убедлив и на свој терен го совлада Реал Бетис со 4:1. По еден гол за Јунајтед постигнаа Рашфорд, Антони, Бруно Фернандеш и Вегхорст. Утешниот гол за шпанскиот претставник беше дело на Перез во првото полувреме.
Фенербахче без Езгјан Алиоски во составот загуби на гостувањето кај Севиња со 2:0. Двата гола домаќините ги постигнаа во второто полувреме преку Џордан и Ламела.
Шахтјор и Фејенорд одиграа реми со по еден гол на двете страни. Шахтјор поведе во 79-та минута, Буладе изедначи во 88-та.
РЕЗУЛТАТИ ОД 18:45 ЧАСОТ:
Рома – Реал Сосиедад 2:0
Баер Леверкузен – Ференцварош 2:0
Спортинг – Арсенал 2:2
Унион Берлин – Ројал Унион 3:3.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]