Манчестер Сити би можел да остане и без сопственик по финансискиот скандал

Date:

Манчестер Сити би можел да се соочи со уште една исклучително сериозна последица доколку по жалбената постапка бидат потврдени санкциите за прекршувањето на финансиските правила на Премиер – лигата.

Според „Мирор“, меѓу можните мерки се разгледува и сценарио во кое актуелниот сопственик, шеикот Мансур, би морал да го продаде клубот. Сепак, ваквата можност засега не е официјално потврдена, а конечната казна за Сити допрва треба да биде одредена.

Независната комисија го прогласи Манчестер Сити за виновен по сите обвиненија за сериозни финансиски прекршувања во периодот од сезоната 2009/10 до 2017/18, како и по три од четирите точки поврзани со несоработката на клубот во текот на истрагата.

Според наодите на комисијата, Сити користел фиктивни договори со комерцијални партнери преку кои ги зголемувал приходите и ги намалувал прикажаните трошоци. Од клубот, пак, ги отфрлаат заклучоците и веќе најавија жалба, која треба да ја поднесат до петок.

Во англиските медиуми веќе се шпекулира со различни можни санкции. Меѓу нив се споменуваат голема парична казна, одземање бодови и трансферна забрана, додека информацијата дека би можело да се бара и промена на сопственичката структура претставува едно од најсериозните сценарија.

Во англискиот фудбал веќе постоеше случај во кој сопственик беше принуден да го продаде клубот. Роман Абрамович го напушти Челси откако британските власти го санкционираа, по што клубот доби нови сопственици.

Засега, сепак, ништо од ова не е конечна одлука за Манчестер Сити. Клубот прво ќе ја искористи можноста за жалба, а дури потоа ќе биде познато какви санкции ќе следуваат.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Еурофарм Пелистер немоќен на гостувањето кај Гумерсбах во ЕХФ Европската лига

Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер го претрпе вториот пораз...

Јорданскиот крал Абдула Втори во посета на Австралија

Јорданскиот крал Абдула Втори денеска пристигна во Австралија во...