Пишува: СЛАВЕ КАТИН
Манастирскиот комплес „Пеленица“ е една убава црковно-духовна иприродна реткост во атарот на Драчево. Поточно овој комплекс е распространет на ливада на живописен рид над селата Батинци и Драчево, веднаш до патот кој води од Драчево кон Горно Количани и кон повеќе други села во подножјето на планината Китка.
Покрај конаците во манастирот, кои благодарение на донациите на голем број Македонци се направени како трем кој собура голем број верници, гости и добронамерници. Таму има повеќе летниковци и голема широка ливада на која редовно се одржува големиот народен Собор по повод празникот Преполовение – Руса Среда, кој се паѓа на половината меѓу Велгиден и Духовден во среда, а на кои се собираат илјадници верници и гости од сите краишта на Македонија.
Карактеристочно за овој манастисти комплекст е тоа што на Соборот по повод празникот Преполовение – Руса Среда, кој е особено посетен од жителите на Драчево и други околни места и градот Скопје, се дели храна, а посетителите ги забавува убава македонска музика, проследена со македонски народни ора и песни. Исто така, во овој манастирски комплекс се одржуваат и други поголеми христијански празници како што е Голема Богородица и други манифестации..

Карактеристично за оваа година е тоа што на 25 мај 2024 година во манастирскиот коплекс „Пеленица“, каде се вишнее величествен православен крст, се одржа значајната Традиционална годишна средба на Унијата на Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ, чиј претседател е Мане Јаковлевски. Тоа беше собир на сите асоцијации од Македонија кои ја негуваат традицијата, историјата и идеологијата на ВМРО. Инаку, овогодишната средба ја организираше Унијата на ветерани од општината Кисела Вода.
Секако, најзначаен момент на оваа Традиционална средба беше пристигнувањето и присуството на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден Премиер на Владата на Р.Македонија Проф.Др. Христијан Мицкоски.
Неговата посета, средби, разговори, пријателски снимања со голем број присутни беа дел од убавите спомени. Меѓутоа, завршниот говор на Проф.Др. Христијан Мицковски на Традиционалната средба на Унијата на ветераните ќе остане во трајно сеќавање на сите посетители, кои во партијата ВМРО-ДПМНЕ ја гледаат иднината, напредокот, вистината и гордоста за Македонија.
