Mладите Македонци тешко се осамостојуваат. Во земјава младите се двојат од мама и тато нa 32 години, a во Франција на 23 години.
Според истражувањето на Евростат, младите во Македонија го напуштаат домот на родителите на 32,1 години.
Во Хрватска, младите го напуштаат домот на своите родители во просек на возраст од 33,4 години, во Србија на 31,4 години, а во Црна Гора на 33,3 години.
Во Естонија младите се осамостојуваат на 22,7 години, Холандија 23 години, Велика Британија 24,6 години, Литванија 24,7 години.Со години сликата за Балканот е лоша, односно младите тешко се осамостојуваат.





