Постои недоверба и постојат митови поврзани со вакцинацијата од различни болести, а сето тоа предизвикано од лажните вести кои не се засновани врз научна вистина, вели проф. д-р Александра Грозаданова, национален координатор за имунизација. На средба со новинарите на која беше презентиран Извештајот за реализација на имунизацијата на населението,за 2022 година, таа се осврна на МПР вакцината (мали сипаници) и ХПВ вакцината која во Македонија ја примаат само девојчињата. Според податоците од Извештајот за задолжителна имунизација на населението, во однос на примарната вкцинација не е констатиран препорачаниот опфат на над 95 отсто вакцинирани граѓани за ниту една вакцина.
За неа е нејасно како луѓето не веруваат во вакцините, а, како што рече таа никој не прашува каква вакцина прима и со каков квалитет кога треба да се патува на Малдиви, на пример,
„Кога треба да се патува на Малдиви никој не прашува какви вакцини против жолта треска прима. Студентите што одат на студии во странство за краток примаат и по неколку вакцини и тоа не се доведува во прашање. Здравствените работници од Македонија што одат на работа во странство исто така примаат по неколку вакцини“, вели Грозаданова.
Прашана од каде произлегува недовербата во вакцинацијата во Македонија, д-р Грозданова вели дека тоа е генерално од недовербата во целокупниот систем.
„Генерално недовербата произлегува од целокупната недоверба во државниот систем. Тука се и социјалните мрежи, а и тоа дека секој што прочитал по нешто од одредена област веднаш мисли дека е експерт. Но треба да бидеме реални и да тргнеме од себе. Здравствените работници мора да бидат свесни дека кога излегуваат во јавност се што ќе кажат мора да го потврдат со научни факти“, вели Грозданова.
Според неа, недовербата произлегува и од фактот што со вакцинацијата болеста не се гледа токму затоа што, како што вели таа, вакцините штитат од болестите пред да се појават.
Портпаролот на Комисијата за заразни болести д-р Злате Мехмедовиќ вели дека е точно дека вакцината не го штити човекот 100 отсто но е сигурно дека таа штити од тешки форми на болсетите и штити од смрт. За него уште понеприфатливи се митовите кои не се засновани врз научни вистини.
Според податоците од Извештајот за задолжителна имунизација во однос на примарната вкцинација не е констатиран препорачаниот опфат на над 95 отсто вакцинирани граѓани за ниту една вакцина.
Македонците се сомневаат во вакцините, а никој не прашува каква вакцина прима кога треба да оди на Малдиви
Date: