Македонците се повеќе на гости во Србија

Date:

Србија станува сè попопуларна туристичка дестинација, забележувајќи значителен пораст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава кога се регистрирани 1.477.194 посети, што е зголемување за 16,5 отсто во однос на истиот период лани, според последните резултати на Републичкиот завод за статистика.

Домашниот туризам, без разлика на полошите временски услови, бележи раст од 4,9 отсто, што укажува на тренд на зголемен интерес за патувања и посети на атрактивни дестинации во Србија.

Во исто време, бројот на странски туристи е зголемен за една третина – 33 отсто, што потврдува дека Србија успешно се враќа на меѓународната туристичка сцена.

Вкупниот број на регистрирани ноќевања изнесува 4.432.841, што е зголемување за 132 отсто во однос на истиот период лани, од кои 4,3 отсто е пораст кај домашниот туризам, а 26 отсто се странци.

Најголем пораст на странски гости е регистриран од Руската Федерација, Босна и Херцеговина, Македонија, Турција, Хрватска, Бугарија, Црна Гора, Германија, Словенија, Романија, Кина – вклучувајќи ги Хонг Конг, Грција, Унгарија, Италија и Австрија.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...