Македонците пушат најмногу, но и најевтини цигари во регионот

Date:

Македонија е меѓу првите 10 земји во светот врз основа на вкупниот број пушачи и вкупниот број испушени цигари дневно по пушач. Податоците на агенцијата Аналитика покажуваат дека тој број изнесува 48,4 отсто од населението. За споредба, во европските земји, вкупниот број на пушачи во рамките на едно население е далеку пониска – просекот во Европската Унија (ЕУ) е 29 отсто. Во Шведска таа изнесува 8,7 отсто од населението а во Грција и Бугарија 27 отсто.

„Анализите покажуваат дека речиси половина од возрасните луѓе во Македонија (48,4 проценти) во моментов користат тутун. Од нив, скоро 58 проценти се мажи и 39 проценти жени. Бројот на население што пуши се зголемува со возраста на пушачите, достигнувајќи го врвот на 45 до 54 годиншна возраст”, објаснува Тамара Мијовиќ Спасова од Аналитика.

Според податоците, Македонија е лидер во регионот по потрошувачка на цигари по најниска цена и многу малку се прави за надминување на проблемот со пушењето, без разлика дали станува збор за законски решенија, покачување на акцизите или за кампањи за подигнување на јавната свест.

Податоците уште покажуваат дека просечната цена на кутија цигари во Македонија е 1,7 евра, во регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) е околу 2,1 евро, додека европското ниво е 4,9 евра, што го потврдува фактот дека државата има најниски цени на цигари во регионот.

Според Аналитика, оданочувањето на тутунот е една од најефикасните алатки за намалување на потрошувачката на тутун и ќе резултира во силно зголемување на јавните приходи во Буџетот.

Бојана Христовска објаснува дека само 11,9 отсто од пушачите се изјасниле дека пушењето е забрането во нивниот дом а пак кај речи си 43 отсто од непушачите не се пуши во домот. Најголем степен на изложеност на пасивно пушење има во баровите, ноќните клубови и во рестораните. Скоро сите пушачи (97 отсто) потврдуваат дека барем еднаш им било потенцирано дека пушењето цигари им пречи на другите луѓе.

Според возраста, младите се најмногу изложени на чад од тутун во баровите или ноќните клубови. Воедно оваа возрасна група (од 18 до 24 години) е релативно повеќе од другите возрасни групи изложени на чад во владини институции и во универзитетите и училиштата.

„Вкупно 58 отсто од возрасните во Македонија сметаат дека пушењето ќе се намали ако продажбата на тутунските производи и пушењето се забранат со закон, а скоро 56 отсто од возрасните сметаат дека со покачување на цената на цигарите ќе се намали пушењето“, вели Христовска.

Од Аналитика препорачуваат подигање на свеста за штетните ефекти врз здравјето од користење на тутун и воведување на сеопфатни програми за контрола на тутунот со цел да се намали пушењето и кај младите и кај возрасните преку организирање јавни кампањи во медиумите, како и во училиштата, болниците и работните места.

Покрај тоа, се препорачува, штетните ефекти на тутунот да се воведат како тема во наставната образовна програма, почнувајќи од основните училишта, а особено во средните училишта како и развивање на ефикасни услуги за откажување од пушењето.

„Услугите за откажување во форма на консултации со медицински професионалци по телефон или лично треба да бидат широко достапни во училиштата, колеџите, ординациите на општите лекари и болниците. Да се врати примената за Законот за заштита од пушење во 2010 година, бидејќи кога беше воведена забрана за пушење во сите јавни затворени простории“, велат од Аналитика.

Регионалното истражување е во рамките на проектот„Унапредување на даночните политики за тутун во земјите со низок и среден доход, финансиски поддржан од Универзитетот Илиноис во Чикаго (UIC) – Институт за истражување и здравствена политика.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Бен Афлек прв пат јавно зборуваше за разводот со Џенифер Лопез

Во големото интервју за магазинот „Џи-кју“, Бен Афлек отворено зборуваше за...

Се појавија првите фотографии од Џуд Ло како Путин во „Волшебникот од Кремљ“

Џуд Ло неодамна потврди дека ќе го глуми рускиот...

Ѕвездата на „Озборувачка“ стана татко! Ед Вествик го откри името и полот на бебето

Актерот Ед Вествик (37), најпознат по улогата на Чак Бас во...

Нетанјаху: Ќе ја окупираме територијата на Појасот Газа доколку Хамас не ги ослободи заложниците

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја повтори својата закана...