Вчера беше организиран семакедонскиот собир во Мелник, на кој и покрај сите пречки кои беа поставувани од бугарските власти, Македонците го чествуваа Пиринскиот цар Јане Сандански.

Во продолжение ја пренесуваме објавата со детали од денешниот собир на организаторот на чествувањето, македонската организација ОМО Илинден Пирин, објавена на нивната страница на Фејсбук:

И покрај прогнозите за лошо време присуствуваа стотици гости од цела Пиринска Македонија, Софија, Шумен, Република Македонија, Егејска Македонија.

За жал годинава властите применија сосема непотребен притисок и провокации.

Беа мобилизирани околу стотина униформени и цивилни полицајци – автобусите бе запирани дури и на 80 километри пред местото на соборот и сите лични карти беа земани, повечето активисти и обични луѓе беа сликани от полицията совсем безпричинно и отблизо. Не беа извршили ни наj мала провокација.

Беше проверуван багажот на патниците за соборот и конфискувани знамињата на организациите организатори. Не беше дозволено да се развее ниту едно знаме и секој обид во таа насока беше спречуван и знамето конфискувано. Беа задржани и неколку знамиња на ЕФА (European Free Alliance).

Беа забранети исто така и транспаренти, а на еден човек дури му побараа да си го соблече џемперот зашто на него пишуваше „Ја сакам Македонија“. Еден автобус – два пати беше запиран и два пати беа земани за сликање личните карти.

Такви постови на полицијата имаше на Папаз Чаир, на Делчево, Мелник и во Рожен. На двете места за полагање цвекиња – на гробот на Јане Сандански кај Роженскиот манастир имаше ненормално големо присуство на полиција, а исто беше и во Мелник. Беше направен обид за провокација од Фондацијата „Македонија“ кои ги имаа покриено со бугарски знамиња гробот на Јане Сандански и неговиот споменик и го имаа ставено името на својата фондација.

Провокацијата е во тоа што се смета дека војводата е убиен по наредба на бугарската влада и во денот кога се чествува неговата смрт и кога никоја владина институција не поднесува венец со извинување, поставувањето на знамето можеше да провоцира некого да реагира и со тоа да се создаде инцидент.

Надежите на службите за безбедност и на Фондацијата „Македонија“ во таа насока се изјаловија, зашто Македонците не се подадоа на провокацијата. Зачудувачки е што луѓе што тврдат дека се Бугари го користат државното знаме како вид на провокација.

Наспроти сите пречки соборот помина успешно. Делегација на ОМО „Илинден“-ПИРИН и ОМО „Илинден“ положи венец на гробот на војводата – прво зборуваше Стојко Стојков од името на ОМО „Илинден“-ПИРИН и покани за минута молк во спомен на војводата, а потоа Кирил Тилев од ОМО „Илинден“ изнесе кратко слово.

Соборот започна кај споменикот на Јане Сандански во Мелник – водеше Милан Ризаков. Војводата беше почетен со минута молчење и паѓање на колена.

Потоа зборуваа внукот – Борис Сандански и Димитар Иванов.

Настапи фолклорна група Јане Сандански од Ново Село (Р. Македонија), пееше Дамјан Стојаноски (син на Војо Стојановски), а свиреше оркестарот Македонија.

беа положени венци пред споменикот. На војводата му оддадоа чест и претставници на Комити од Скопје.