Македонците генерално песимисти за 2024

Date:

Македонија е под светскиот просек во перцепциите каква ќе биде наредната 20024 година. Според глобално истражување, кое во нашата држава го спроведе „Брима“ 20 отсто од испитаниците во Македонија сметаат дека 2024 ќе биде подобра од 2023 (светскиот просек е 39%), 34 отсто сметаат дека ќе биде полоша (светскиот просек е 26%), а 40 отсто (светскиот просек е 28%) сметаат дека ќе биде иста како 2023 година.

Испитувањето како дел од истражувањето на „Галуп интернешенел“ е направено од 1 до 22 декември 2023 со 1.203 испитаници, лице-в-лице, во домот на испитаникот, со маргина на грешка од +/- 2,8.

По прашањето “Што се однесува до Вас, дали сметате дека 2024 година ќе биде подобра, полоша или иста со 2023 година? “, нашата земја е под светскиот просек, т.е

Во регионот, Косово (68%) и Албанија (57%) со највисок степен на „позитивни“ одговори на испитаниците, т.е оние кои сметаат дека 2024 ќе биде подобра од 2023 година. Како и Македонците, така и граѓаните на Србија (19%), така и на Бугарија (18%) испитаниците покажуваат висок степен на песимизам за 2024 година.

Испитаниците во македонија и по прашањето дали следната година ќе биде година на економски просперитет, економски потешкотии или ќе остане иста. Само 17 отсто сметаат дека 2024 ќе биде година со економски просперитет (светскиот просек е 28%), 42 отсто сметаат дека 2024 ќе биде година со економски потешкотии (светскиот просек е 39%), a 35 отсто сметаат дека 2023 ќе биде иста како 2024 година (светскиот просек е 29%).

Во регионот, Албанија (54%) и Косово (46%) остануваат над светскиот просек кога е во прашање економскиот просперитет за 2024. Во Србија 16 отсто сметаат на економски просперитет во 2024, а во Бугарија само 10 проценти.

Мнозинството граѓани ширум светот очекуваат проблематична, а не, мирна нова 2024 година. Осум од десет граѓани низ сите континенти стравуваат од потенцијална нуклеарна војна кои ризикот го проценуваат како “умерен“ или “висок“. Мнозинството граѓани, исто така, очекува економски тешкотии во новата 2024, наместо економски просперитет, иако врвот на економскиот песимизам го нема со стивнувањето на Ковид-19.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

КНИГА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ГО ПРЕСЕКУВА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ (52)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Со вкупен долг од над една милијарда евра, системот...