Македонско друштво “Илинден“-Тирана од Република Албанија преставувано од претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, потпишаа Меморандум за соработка со Централниот совет на Македонците во Германија од Сојузна Република Германија преставувано од претседателот г-дин Роберт Кленкоски, со цел промоција на македонските национални, традиционални и историски вредности (македонска култура, македонски јазик, традиции, фолклор) на национално и меѓународно ниво.
Двете Здруженија покажаа интерес за градење на партнерство во спроведување на конкретни проектни активности со намера да ги реализираат заедничките цели преку взаемни проекти. Нивна цел ќе биде да спроведуваат истражувања, креирање, развој и промоција на Македонската култура, размена на деца и младинци како учесници во разни манифестации, како и промовирање и поддршка на научни, културно-уметнички, спортски и хуманитарни активности и манифестации.