МАКЕДОНСКОТО СЛОВЕНСКО ПИСМО – ОСНОВА НА СЛОВЕНСКАТА ПИСМЕНОСТ (22)

Date:

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО
СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА“ ОД АКАДЕМИК АНТОНИЈЕ ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН

За палеописмото на Прасловените и за нивната автохтоност, засега има многу малку податоци. Во преткирилометодиевската епоха на словенската писменост, се употребувале симболи во вид на црти и реси, нешто налик на критското линеарно писмо А, од XVIII век п.н.е., врежано на дабова штица (Мирољубов, 1952).


Нешто слично во праисторијата користеле подунавските племиња на Панонија, под името „азбука на дрво“ (Grevs, 132, 5), како и онаа во Македонија.


Словените во Македонија, како напредна словенска заедница, во меѓусебните писмени односи, како и во ко-муникацијата со нивните староседелци и со управата на ИРЦ, долго, речиси два века, го користеле за свој јазик латинското или алфабетското феникиско писмо, сè до востановувањето, најпрво на елементарното (минускул-но) писмо глаголицата, а потоа адаптираната азбука мајас (куле) која е наречена кирилица.


Не навлегувајќи во глосолошки расправии, првото словенско писмо се состои од постојаниот број од 36 са-мостојни букви и тие се речиси заеднички во најстарите споменици на словенската лингвистичка култура.


Како што Јоните во Мала Азија фонетски го прилагодиле феникиското слоговно алфабетско писмо од 22 знака, додавајќи одреден број вокали, со што била создадена „грчка“ азбука од 24 букви, Кирил користејќи ја оваа структура адекватно, создал словенска азбука додавајќи нови 12 фонетски елементи. Заради обележување на чисто словенската фонетска карактеристика, тој го одредил не само нивниот број туку и облик и точно одреденото место на буквите во азбуката.


Новата словенска азбука во облик на глаголица, првпат е употребена од св. Браќа во преведувањето на Светиот Завет и евангелието на старословенски јазик, во околу 863 година, односно пред нивната голема мисија во Голема Моравија. По смртта на св. Методиј, во 885 година, кирилицата како поразвиен облик добила доминантна улога, со придонес на нивните ученици Климент и Наум, како и големиот број словенски трудољубци на Балканот, Централна и Источна Европа. Кирилицата станала официјално писмо на Самоиловиот двор, на дворот на бугарскиот цар Симеон, на дворот на српските владетели Немањиќи, Кули-бан, Киевскиот двор итн.


Во текот и по заминувањето од културно-просветната заедница, со голем број генерации просветители, св.Климент, св.Наум, Црноризец Храбар и други, Охрид станал жариште на византиското православие, покрај Цариград, Солун и Света Гора. Овој град го доживеал златниот период зголемувајќи го своето духовно влијание не само на словенското православие, туку станал и носител на сите културно-просветни движења, со што станал славен и надвор од границите на Македонија и Балканот. Во литературна област, покрај преводите на богослужните книги и агиографските дела, во Македонија се создава богата средновековна книжевност, како што се „Панонските легенди“ и друго.

Што се однесува до уметноста, таа била верска, црковна и почивала на традициите на христијанската уметност, како во поглед на архитектурата и животописот, така и во декорацијата. Нејзините почетоци воглавно водат од св. Климент, кога се создадени вредни уметнички дела, како што е црквата св. Пантелејмон (893) во Охрид, која била не само религиозен туку и просветен центар, прв словенски универзитет за богословија, со 3 500 посетители. Потоа, охридската катедра св. Софија, св. Наум и други. Фреските во ѕидното сликарство, по мислење на многу стручњаци, по својот стил се најсловенски во целиот развој на ликовната уметност во Македонија.


На македонската средновековна уметност ѝ припаѓа истотака и црковната музика и уметничкото црковно за-натство. Еден од најзначајните теоретичари и композитори во византиската уметност на тој период, е музикологот од Западна Македонија, Кукузел. Покрај теологот Јован Дамаскин, него го вбројуваат во еден од креаторите кој ја обогатил музичката теорија и пракса на ви-зантиската музика.
Резимирајќи го овој дел, може да се истакне дека значењето на македонскиот словенски јазик и писмо во општата култура на Словените и светот, е многу големо. Богато развиената византиска и римска култура и цивилизација се пренеле во словенски дух меѓу Словените. Со преведувањето на книжевните византиски дела и со создавањето нови словенски списи, се удрени темелите не само на македоската туку и на опшата старословенска книжевност, уметност и наука.


Воведувањето на еден нов јазик и писмо во црковните литургиски потреби, наместо дотогашниот „грчки“, т.е. древно македонски-Александров коине и латинскиот, претставува револуционерен настан. Оваа далекувидост овозможила христијанизацијата на милионската словенска популација на Централна, Јужна и Источна Европа и воведување на овие народи во современите текови на европската христијанска црква, култура, трговија, наука, уметност, меѓу комуникативноста и др. со што станале составен дел од нивната историја и цивилизација.
Кирилицата и денес е национално писмо на Македонците, Србите, Бугарите, Русите и др. Сите овие достигнувања на македонскиот креативен дух претставуваат уште еден прилог на Македонија во светската цивилизација.

Продолжува


Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Австралија добива НБА шампион и деветкратен Ол-стар како засилување?

НБА ѕвездата Кајри Ирвинг изрази големо задоволство во иднина...

Македонија со Шортс и Димитријевиќ против Естонија и Полска

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска го има првиот собир...

Смртни закани кон судијата кој го исклучи Белингем

Судијата Хозе Луис Мунуера Монтеро, кој му покажа црвен...

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е сиамски близнак на Кацарска и Трпков

Македонија се гуши во „дивото месо” посеано од СДС...