Македонски родители вадат лажни белешки за вакцинација во Петрич

Date:

Со наводно примени петовалентни вакцини и прва доза на вакцината МРП во бугарскиот град Петрич, родители бараат од диспанзерите во државата потврди за да ги запишат децата во училиште. Самите медицински белешки, од кои повеќето се напишани на обичен лист хартија, имале само датум на аплицирање на вакцината, без задолжителниот сериски број и лот, што предизвикало сомнеж кај лекари кои работат во вакциналните пунктови. Сите такви белешки биле од иста докторка за вакцинирање од Петрич, објави „Сител“.

Ние како лекари тоа го утврдивме дека навистина не постои таква институција, немаме ние од институција дека наводно е примена вакцина, туку само од името и презимето на докторката од Петрич и единствена е таа која што ги дава овие потврди за имунизација. Наведено е името на вакцината меѓутоа ниту сериски број ниту аплосутно ништо, вели за телевизијата д-р Каролина Ристова-Стефановска, раководител на превентива во Здравствен дом Скопје.

Овие родители, како што вели Стефановска, не добиле потврди за училиште, а кога им укажале дека нешто не е во ред со медицинскиот документ и нема серија на вакцина, не се вратиле повеќе во диспанзерите. Сомнителните случаи биле разгледани и во Националниот комитет за имунизација, но оттаму велат дека треба да реагираат надлежните центри.

Според информации на „Сител“, здравствени работници веќе провериле во регионална здравствена инспекциска служба во Бугарија и добиле одговор дека кај посочената докторка, освен нејзините матични пациенти, нема евидентирано други деца, конкретно од Македонија, кои биле вакцинирани.

Ова се случува во период кога податоците покажуваат намален опфат на вакцинирање со МРП и поразителни податоци за бројот на вакцинирани деца во урбаните средини.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

MACEDONIAN EMIGRANT MEDIA BEFORE WORLD WAR II (15)

PART OF THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ...

Шон Пен не дојде да го земе третиот Оскар

 Шон Пен не се појави на доделувањето на Оскарите...

„Форбс“ ги избра најплатените актери и актери: Кој и колку заработи во 2025 година

Холивуд веќе некое време се прашува дали филмските ѕвезди ја...