Македонски поети имаа книжевен разговор и читање на фестивалот „Стих у регији“ во Хрватска

Date:

Во рамки на поетскиот фестивал „Стих у регији“, на 30 јуни, во живописното хрватско гратче Врбовец, се одржа разговор и поетско читање на македонските автори на фестивалот.

На средбата учествуваа младите македонски поети Павлина Атанасова, Андреј Медиќ Лазаревски и Ивана Јовановска, а настанот го модерираа директорот на фестивалот Иван Херцег и Славомира Рибарова.

На настанот се разговараше за тековите во македонската современа поезија, за институционалната и вонинституционалната поддршка на младите поети, за здружувањето на младите и нивното креирање разни платформи за промоција на нивната поезија, како и за улогата на книжевните списанија во промоцијата на новите гласови.

„Стих у регији“ е еден од најзначајните поетски фестивали во регионот, а настаните се одржаа во Загреб, во Вараждин и во Врбовец, а покрај македонските и хрватските, настапија и поети од Велика Британија, БиХ, Бугарија, Италија, Србија, Украина и Словенија.

Гостувањето на македонски поети е дел од соработката за книжевна размена помеѓу издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје и Хрватското друштво на писатели (ХДП) од Загреб, а беше помогнато од Министерството за култура.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Вселенскиот патријарх изрази сочуство за трагедијата во Кочани

Порака со сочувство за трагедијата во Кочани, испратил вселенскиот...

Очајна недела за Салах: Англичаните го ставија на столбот на срамот!

Сѐ одеше како подмачкано до минатата недела за Египќанецот.Фудбалерот...

Трогателна сцена од тренингот на Македонија: Обединети во тагата 

Во траорна и максимално непосакувана атмосфера, македонската фудбалска репрезентација...

Австралија дозна голема вест: Првиот пик од НБА драфтот сака да игра во Лос Анџелес на Олимпијадата

Иако Олимписките игри во Париз се практично завршени, а...