Македонски концепт: Македонскиот јазик е обврска во јавниот систем, Македонија да не се претвори во држава со паралелни системи и стандарди

Date:

Во врска со вчерашните протести поврзани со прашањето за употреба на албанскиот јазикот при полагање на правосуден испит и административни постапки, претседателството на Македонски концепт донесе јасен и непроменлив став: Секој кој живее и работи во Македонија, треба да го знае македонскиот јазик и да полага на македонски јазик. Исто како во секоја нормална држава, членка на ЕУ. Ни повеќе, ни помалку!, се наведува во соопштението од партијата.

„Република Македонија има еден службен јазик на целата територија – македонскиот јазик. Тоа не е прашање на политичка волја, туку на државна функционалност, правна сигурност и еднакви правила за сите. И тоа не ја намалува вредноста, ниту употребата на останатите јазици на етничките заедници во земјава. Албанскиот јазик не може да биде „надјазик“, со поголемо значење од останатите јазици на другите етнички заедници. Сите сме рамноправни граѓани на Републиката, а со тоа и нашите јазици, кои се средство за разбирање, а не за етничка хегемонија“, се вели во соопштението на Македонски концепт.

Од партијата истакнуваат дека нивниот став за ова прашање не е насочен против никого, “туку е нормален стандард во секоја сериозна држава – јазикот на државата е темел на институциите, образованието, јавната администрација и општествената кохезија“.

„Истовремено, ги повикуваме сите граѓани на смиреност и достоинство. Протестот е демократско право, но не смее да прерасне во притисок врз институциите да се откажат од принципите на државност и од еднаквоста на правилата.

Македонски Концепт ќе се спротивстави на секој обид Македонија да се претвори во држава со паралелни системи и стандарди. Државата мора да функционира по јасни и исти правила за сите – без исклучоци, без двојни аршини и без наметнување.

Македонскиот јазик е обврска во јавниот систем. Тоа е услов за интеграција, а не тема за уцена“, порачуваат од Македонски концепт.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Барса со победата над Реал до шампионскиот трофеј во Ла Лига

Фудбалерите на Барселона се старо-новите шампиони на Шпанија. Каталонскиот...

Македонија ЃП и Работнички испаднаа од елитата

Во завршницата на сезоната во Првата македонска фудбалска лига,...