Истрагата на белгиското обвинителство почна на 21 март кога беше најдено безживотно тело на 64-годишна жена во холандското село Ковехт во Холандија, кое што се наоѓа веднаш до границата со Белгија, а потоа било утврдено дека станува збор за убиена жена од белгискиот град Остенде.

Како што објавија белгиските медиуми во јули, осомничен за убиството бил 33-годишник од Македонија.

Тој се запознал со жената во воз и се спријателиле. Таа потоа му позајмила пари, но кога тој не ѝ ги вратил, се заканила дека ќе го пријави во полицијата.

За да го спречи тоа, тој ја убил жената и го фрлил нејзиното тело преку границата во Холандија. Потоа се обидел да се врати во Македонија, но бил уапсен на аеродромот во Диселдорф, Германија, и на почетокот на мај екстрадиран во Белгија.

По распитот во полиција во Белгија, тој го признал убиството. Македонското обвинителство објави дека инволвиран во убиството е уште еден македонски државјанин.