Македонските тенисерки забележаа уште една победа на Били Џин Кинг купот кој се игра во Скопје, овојпат со максимални 3-0 ја совладавме селекцијата на Исланд.
Прва на теренот се појави Магдалена Стоилковска која со само еден загубен гејм 6-1 и 6-0 беше подобра од Ана Софија Гронхолм. Мечот траеше 56 минути.
Следуваше настап на нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа која со 6-2 и 6-0 беше подобра од Софија Солеј Јонасдотир. Со триумфот на Лина поведовме 2-0, тоа значеше дека мечот во двојки може да влијае само на конечниот резултат, но не и на победникот.
Поради тоа, за Македонија настапија Ива Данева и Александра Симева кои со 6-3 и 6-3 го совладаа Ана Софија Гронхолм и Софија Солеј Јонасдотир.
Македонија досега има максимални четири победи, денес во последното коло од групата Б игра против селекцијата на Молдавија која има три победи и еден пораз.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]