Македонските ракометари ќе поделат по 2 милиони денари за секоја победа на ЕП

Date:

Македонските ракометари го одработеа последниот тренинг во Скопје, пред заминувањето Швајцарија, а потоа и Данска на Европскиот шампионат. 

На тренингот денеска ракометарите ги посети Министерот за спорт Борко Ристовски, кој им порача да играат со срце за Македонија.

„ Играјте со срце, играјте за Македонија!

Некогаш не се битни само резултатите, но секогаш е битно да се одигра максимално и да се остави срце на терен, посебно кога се носи националниот дрес.

Публиката тоа го препознава и го почитува. Како некој што со години го носеше овој дрес, знам што значи да се игра за Македонија, знам колкава чест, но и одговорност е тоа.

Верувам дека ќе одиграте максимално и достојно ќе ја претставувате Македонија и македонскиот ракомет на ова Европско првенство“, им рече Ристовски на македонските ракометари.

Мотив повеќе ракометарите ќе имаат и во обезбедените парични премии. Имено за секоја победа на шампионатот, тие ќе поделат по 2 милиони денари, како и дополнителни 2 милиони денари за пласман во втората фаза.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Луда маратонска трка, го победи ривалот за 0,01 секунда

Маратонот што се одржа во Лос Анџелес веројатно ќе...

Победа на Вардар и реми на Шкендија во ПМФЛ

Лидерот на табелата Вардар постигна победа од 1:0 на...

Рецепт за кус кус со печурки и праз: Превкусен посен појадок

Време е на велигденските пости, а овој појадок можете...

Две држави би можеле да преживеат НУКЛЕАРНА ВОЈНА, Австралија и Нов Зеланд

Во случај на глобална нуклеарна војна, т.е. во крајниот,...