Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија забележа убедлива победа над селекцијата на Италија со 33:23 на Европското првенство 2026 во Србија.
После првото полувреме нашите ракометни надежи имаа водство од четири голови разлика (17:13).
Сите ракометари добија шанса на натпреварот, а меѓу стрелците најуспешен беше крилото Бобан Поповски со девет, додека Стефан Ѓоргиески имаше шест погодоци.
Новиот меч за избраниците на селекторот Горан Кузманоски ќе биде во вторник (4 август) од 12.00 часот против Турција.
Целта на нашата селекција ќе биде да се стигне до триумф и над Турција и до разигрувањето за пласман од деветтата до 16 позиција на шампионатот што би значело опстанок на ЕП, пласман на Европското првенство во 2028 година и место на Светското првенство 2027 каде што ќе се најдат првопласираните 15 репрезентации од ова ЕП.





