Македонските градоначалници учат во САД како да се борат против корупцијата

Date:

Темата на овој студиски престој се економското јакнење на општините, ефикасното управување со финансиите и ресурсите на локалната самоуправа, а фокусот на работните средби во Стејт департментот е „борбата против корупцијата“

На покана од Амбасадата на САД во Македонија, во Вашингтон, на неколкудневна студиска посета се градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и градоначалниците на Кисела Вода – Орце Ѓорѓиевски, на Аеродром – Тимчо Муцунски, на Битола – Тони Коњановски, на Крушево – Томе Христоски и на Гостивар – Арбен Таравари.

Темата на овој студиски престој се економското јакнење на општините, ефикасното управување со финансиите и ресурсите на локалната самоуправа, а фокусот на работните средби во Стејт департментот е „борбата против корупцијата“.

– На состаноците стана збор и за најдобрите практики што ги применуваат локалните власти во САД за јавно-приватни партнерства за да се подобрат капацитетите, при што беше нагласено дека постои простор за натамошно интензивирање на соработката помеѓу нашите пријателски држави, размена и примена на искуствата на САД во Македонија во борбата против корупцијата, која е рак на македонското општество – објави Арсовска на својата фејсбук-страница.

Остварени се повеќе средби со високи претставници на Стејт департментот, со бизнис- заедницата, како и со тинк-тенк организации од Вашингтон.

– На работните средби се разменети искуства, а акцентот е ставен на борбата против корупцијата, на потребата од поголемата транспарентност на институциите, како и на можностите за зајакнување на ангажманот на локалната власт на меѓународната сцена, во насока на доближување на придобивките од надворешната политика на локално ниво – информираше Коњановски.

Следуваат средби со претставници на локалните самоуправи во Питсбург и во Феникс.

– Работните средби се од големо значење за примена на меѓународните искуства на локално ниво, но и за градење нови партнерства, кои ќе донесат придобивки за напредокот на општината – вели Коњановски.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Православните го слават Велигден, Христос воскресна, навистина воскоресна!

Денешниот ден Воскресението Христово, Велигден е најголемиот празник за...

Православните и католичките верници годинава го слават Велигден на ист ден

Оваа година и православните и католичките верници го слават...

Силекс со супер-пресврт го победи Шкупи, Шкендија триумфално со Беса, победа и на Работнички

Шкендија и Силекс ја продолжуваат активно битката за титула...