Црвен крст на Македонија апелира до фирмите и граѓаните во рамки на своите можности со парични донации да му помогнат на населението во Либија, кое се бори за живот по катастрофалните поплави кои само во еден град ондесоа најмалку 5.000 животи, додека околу 10.000.



Од македонскиот Црвен крст потсетуваат дека катастрoфалните поплави во источна Либија предизвикани од поројните дождови од ураганот „Даниел“, кои се случија на 10 септември 2023 година опустошија повеќе градови на средоземноморското крајбрежје. Направени се значителни штети на инфраструктурата, вклучително и на патната мрежа, а прекината е и телекомуникациската мрежа.

Најтешка е ситуацијата во градот Дерна, каде се говори за над 5.000 загинати луѓе. Поплавата предизвикана од силната бура ги сруши браните, предизвикувајќи порој од вода и опустоши четвртина и повеќе од градот Дерна, однесувајќи ги зградите заедно со нивните жители, улиците се покриени со урнатини, кал и шут. Се проценува дека околу 10 000 луѓе се водат како исчезнати.

„Црвениот крст изразува големо жалење за човечките загуби и настанатите материјални штети. Искажувајќи солидарност со настраданото население во Либија Црвениот крст се вклучува во обезбедување на потребната помош.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:

– Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Либија.

– како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

– За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228