Македонскиот клупски ракомет бележи пад на најновата ЕХФ ранг листа

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

Македонскиот ракомет во последните четири години бележи пад, барем на европски рамки и тоа донесе голема промена на листите кои се прават во ЕХФ, а се поврзани со коефициентот на земјите.

На најновото рангирање на ЕХФ, обработено во средината на месец јуни, македонскиот ракомет се наоѓа на 14-тото место. По најновото рангирање, доведено е под знак прашалник сигурното место во Лигата на шампионите во иднина, затоа што мора да се остваруваат добри европски резултати, за да се бележи и напредок на листата. Колку за илустрација, пред пет години, на рангирањето во 2018 година, клупскиот ракомет беше на седмото место.

Прва сила во клупскиот ракомет е Германија, потоа следат Франција и Шпанија, а ТОП-10 ги комплетираат Данска, Унгарија, Полска, Португалија, Норвешка, Хрватска и Романија. До Македонија, односно до тоа 14-то место, се уште Шведска, Швајцарија и Словенија, а зад нас се Чешка, Србија, Русија, Исланд, Австрија ,Грција…

Кога се говори за клубовите и таму имаме пад. Вардар од 15-тото место поради фактот дека немаше настапи во Европа заврши на 27-мото место, а следен е Еурофарм Пелистер, кој од 27-тата позиција падна на 43. место поради последните резултати. Трет клуб на ранг-листата е Бутел Скопје кој е 105., додека на 110. место се наоѓа Металург. Пад забележа и Пролет, од 106. на 158. место.

Прв клуб во Европа е Барселона, а на второто место е новиот европски првак Магдебург кој скокна за четири места. Трет е Кил, четврти е Киелце, па потоа следат Веспрем, ПСЖ, Фуксе Берлин, Монпелје, Висла, Флензбург…

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

КНИГА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ГО ПРЕСЕКУВА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ (52)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Со вкупен долг од над една милијарда евра, системот...