Македонскиот бизнис се уште се потпира на хартија: Мал дел од компаниите се дигитално подготвени

Date:

Малите и средни бизниси треба итно дигитално да се усовршат,  за да ја подобрат својата конкурентност – како на пазарот во Македонија така и надвор. Новата фондација за дигитална трансформација поддржана од Иницијативата Македонија 2025 ќе ги кофинансира компаниите со финансиски средства до 10.000 евра. Меѓу мапираните сектори се преработувачката индустрија со фокус на прехранбената, туризмот, компании од областа на услугите.

Се залагаме за неколку области: Дигитализација но и поттикнување на конкуренцијата, структурни реформи, бидејќи така ќе целиме кон поголем економски раст. Навистина недостасува еден еко-систем. Има мали обиди за поддршка на дигитализација, но се уште компаниите немаат доволно информации околу таа трансформација. Да се вклучиме како организација, Идејата е да понудиме еден целосен систем, бидејќи ниту има луѓе кои се консултанти кои ќе ја помогнат дигитализацијата, ниту има доволно достапно финансирање. Една ваква голема улога. Центарот е формиран во август 2023 и до сега работевме на сите сегменти – изјави Никица Мојсоска Блажевски – Извршен директор на „Македонија 2025“, соосновач на „ГоДигитал“.

Дигитализацијата е еден од главните двигатели за зајакнување на целокупната економија – покрај поддршка за дигитализација, претставниците на „ГоДигитал“ ќе се фокусираат и на политики за намалување на сивата економија.

Ќе има поддршка во планирањето, имплементацијата на проекти, финансирање на тие проекти се со цел на успешните претпријатија да им помогнеме да ја зголемат својата конкурентност. Работевме напорно да создадеме програма за обука и сертификација на дигитални консултанти кои ќе помогнат за предлог стратегија за дигитална трансформација. Работиме на припрема на критериум за селекција на компании – профитабилни, извозно ориентирани. Кај тие претпријатие што ќе оцениме дека постои спремност за такво нешто и првата мерка ќе биде поддржана со финансии на Македонија 2025 т.е ГоДигитал и нашите партнери. За таа цел, работиме и со домашните ИТ компании – изјави Васко Кроневски- директор на компанијата „Некстсенс“,соосновач на ГоДигитал.

Истражувањата покажуваат дека само една третина од компаниите се дигитално подготвени и поседуваат работници со дигитални вештини, кои можат да влезат на глобалните економски текови во светот. Кај малите претпријатија, само една од пет имаат дигитален капацитет, а другите не се подготвени.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Динамо Букурешт е последната пречка за младите пелистерци до завршниот турнир во ЛШ

Младите ракометари на Пелистер денеска му оддржаа лекција на...

ЛЕ: „Лудница на Олд Трафорд“ со хепи-енд за Манчестер Ј., Бодо го шокираше Рим

Натпревар за фудбалските анали се одигра вечерва на „Олд...

Австралијка роди „туѓо“ дете, клиниката за вештачко оплодување ги измешала ембрионите

Жена од Австралија родила бебе кое се развило од...

Казни до 10 илјади евра ако трговците не ги објават цените на производите на интернет

Ниту еден трговец не се пожалил од правилникот за...