Уште една општина во Скопје одлучи наставата во основните училишта секој понеделник да започнува со „Денес над Македонија“.
Откако општината Аеродром пред две недели одлучи учениците секој понеделник да се постројуваат под македонско знаме во придружба на химната, сега градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, го најави истото.
На Фејсбук Стефковски напиша: „Нашата цел е да создадеме навика кај децата да од најмали нозе имаат почит и љубов кон својата татковина. Химната и знамето на нашата Македонија се нераскинлив дел од нашиот повеќевековен идентитет и тие ја заслужуваат нашата должна почит. На денешната редовна седница, Советот на општина Гази Баба ја донесе оваа Одлука која е задолжителна за сите општински основни училишта на нашата територија“.
МАКЕДОНСКАТА ХИМНА СЕ ШИРИ ВО УЧИЛИШТАТА НИЗ МАКЕДОНИЈА
Date: