Македонската заедница во Холандија ја врачи награда „Златен Птоломеј“

Date:

Македонската активистка Светлана Мишева во Ротердам е одликувана со наградата „Златен Птоломеј“ – наметка на македонското достоинство и стана почесен претседател на Македонската заедница во Холандија.

„Светлана Мишева е голем промотор на Македонија од својата рана младост како активен член на фолклорниот ансамбл „Орце Николов„ и во 60-тите години на минатиот век настапувала на скоро сите фолклорни фестивали низ целиот свет. Во Холандија живее од 1971 година и таму помагала на бегалци, сиромашни и болни за чија хуманост, посветеност и грижа е одликувана во 2009 година,“ соопштија денеска од Македонска заедница во Холандија.

Мишева е единствен одликуван граѓанин од македонско потекло со награда за животно дело од Македонската заедница во Холандија.

За Мишева на настанот зборувал поранешниот градоначалник на Хендрик-Идо-Амбахт, Херман Јонкер во чиј мандат беше доделено одликувањето.

„Херман Јонкер во пофалната реч се наврати во сеќавањата кога за првпат ја запознал Светлана, како подоцна станале колеги во Работничката партија во Холандија, за нејзините функции во општинскиот совет и за нејзината пред сѐ човечка димензија и пристапот кон лица од различни националости. Светлана Мишева го збогати нашето општество со нејзиното присуство и работа овде и сесрдно ѝ благодариме за тоа,“ велат од Македонска заедница во Холандија.

На настанот исто така присуствувале и претставници на Македонската амбасада од Хаг, македонската црковна општина од Утрехт, претставници на македонската академска заедница во Холандија и македонски активисти од Германија, Франција и Белгија.

„Светлана Мишева ги повика Македонците во Холандија и во светот да не се откажуваат од својата културна и идентитетска борба,“ посочуваат во соопштението од Македонската заедница во Холандија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Православните го слават Велигден, Христос воскресна, навистина воскоресна!

Денешниот ден Воскресението Христово, Велигден е најголемиот празник за...

Православните и католичките верници годинава го слават Велигден на ист ден

Оваа година и православните и католичките верници го слават...

Силекс со супер-пресврт го победи Шкупи, Шкендија триумфално со Беса, победа и на Работнички

Шкендија и Силекс ја продолжуваат активно битката за титула...