МАКЕДОНИЈА ЈА НАДИГРА БЕЛГИЈА, АМА ИСПУШТИ 3 БОДА 

Date:

Фудбалската репрезентација на Македонија освои значаен бод одигрувајќи 1-1 против големиот фаворит Белгија, на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје, во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026. Со ова реми, Македонија сега има пет бодови и се наоѓа на втората позиција во групата, зад Велс кој има седум, по победата од 3-0 над Лихтенштајн.

Гостите од Белгија дојдоа до водство во 29. минута преку Максим де Кујпер, кој од непосредна близина ја смести топката во мрежата по блокираниот шут на Лукаку. Само две минути претходно, Македонија имаше огромна шанса – прво Елмас ја погоди стативата со силен удар од 25 метри, а веднаш потоа Алиоски ја погоди спротивната статива.

Во второто полувреме, Македонија постигна гол уште во 48. минута преку Елмас, но по ВАР проверка голот беше поништен поради офсајд на Бојан Илиевски, кој го попречувал видикот на голманот Селс. Белгија возврати во 70. минута преку Раскин, кој ја погоди стативата по уфрлување на Доку.

Македонија не се откажа и продолжи да атакува, а наградата стигна во 87. минута кога Алиоски постигна прекрасен гол од волеј по асистенција од Чурлинов, носејќи израмнување и голема радост кај навивачите.

Со ова реми, Македонија останува непоразена и ја продолжува битката за пласман на Мундијалот. Следен предизвик за нашата селекција е гостувањето кај Казахстан во Астана, во понеделник.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

 Домашни плескавици од компир

Едноставни домашни плескавици од пире од компири, во чии...

Пријавите за семејно насилство зголемени за над 70 проценти

Раст од над 70 проценти на пријавените настани поврзани...

Сите гледаа во нејзините раскошни облини: многумина останаа без зборови

Ким Кардашијан повторно го привлече вниманието на модните критичари...

Објавен е трејлерот за последната сезона на „Емили во Париз“; главниот лик оди во Грција

Netflix објави трејлер за шестата и последна сезона од...