Македонија ја дочека новата 2023 година.

Градот Скопје иако оваа година не организира традиционален дочек на Новата година на градскиот Плоштад, музичарите самоиницијативно одлучија да приредат новогодишна забава за граѓаните.

На новогодишната забава настапија познати музички имиња од македонската естрада како што се, Наум Петрески, Благица Павловска, Ферус Мустафов, Зуица Лазова, Ленче и Горан Кукиќ, Елена Ристеска и други.