На Светското првенство во параглајдерство кое се одржува во Франција, Македонија го освои третото место во екипна конкуренција.
Малото француско гратче, Шаму-сир-Желон е местото каде македонското параглајдерство направи историски успех качувајќи се на подиумот на Светското првенство.
Македонија настапи во состав, Мартин Јованоски, Дарко Станковски, Александар Гачевски и Ѓорѓи Ристовски. По двете одржани трки освоивме 14.879 поени со што ја надминавме Чешка во последниот ден од натпреварувањето.
Првото место го освои домашната селекција на Франција со 16.100 поени, а втора заврши Велика Британија со 15.517 поени.
Ова беше 18. Светско првенство во параглајдерство, на него настапија натпреварувачи од 57 држави.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]