Македонија со најголеми загуби на вода за пиење во регионот, околу 63 отсто

Date:

Македонија е меѓу земјите со највисоки загуби на вода во регионот. Согласно податоците за 2023 година, загубите на ниво на цела држава изнесуваат меѓу 62 и 63 отсто.

Според Регулаторната Комисија за енергетика, за намалување на загубите на вода од извор до чаша потребен е континуиран инвестициски циклус во водоводната мрежа, како и оптимизирање на бројот на вработени во јавните комунални претпријатија. Крајното решение го гледаат во преземање на целосна надлежност на регулаторот во формирање на крајната цена за водните услуги.

– Гарантираме дека ќе ја подобриме ефикасноста на компаниите, гарантираме дека ќе овозможиме поголем број на инвестиции и за сметка на тоа ќе ги намалиме загубите на вода на државно ниво, а притоа нема да предизвикаме никакви ценовни шокови. Со намалувањето на загубите, ќе се зголемат количините што ќе се фактурираат и на тој начин, нема да има никакви потреби од зголемување на цената за водните услуги.- Марко Бислимовски – претседател на РКЕ.

Ова беше истакнато на 32 Генерално собрание на регулаторите за вода од Европската Унија, што се оддржа во Скопје. Асоцијацијата брои 35 регулаторни тела што го следат секторот за води и овозможуваат заштита на повеќе од 400 милиони потрошувачи во Европа. Претседателот на асоцијацијата Андреа Гуерини посочи дека нејзината цел е да ги усогласи дејствата на европските регулаторни тела преку поттикнување соработка, размена на знаења и искуства.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Динамо Букурешт е последната пречка за младите пелистерци до завршниот турнир во ЛШ

Младите ракометари на Пелистер денеска му оддржаа лекција на...

ЛЕ: „Лудница на Олд Трафорд“ со хепи-енд за Манчестер Ј., Бодо го шокираше Рим

Натпревар за фудбалските анали се одигра вечерва на „Олд...

Австралијка роди „туѓо“ дете, клиниката за вештачко оплодување ги измешала ембрионите

Жена од Австралија родила бебе кое се развило од...

Казни до 10 илјади евра ако трговците не ги објават цените на производите на интернет

Ниту еден трговец не се пожалил од правилникот за...