Македонија со максимален пораз од Молдавија на Дејвис купот

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

Дејвис куп репрезентацијата на Македонија во второто коло од Б групата од Третата Европска зона од Дејвис купот е поразена од Молдавија со 3:0. По денешниот пораз нашата репрезентација утре во директен дуел со Кипар ќе решава за второто место во групата и со тоа шанса следната година да играме ранг повисоко, доколку загубиме ќе играме меч со третопласираната селекција од групата за опстанок во Третата зона. По денешниот триумф Молдавија го обезбеди првото место во групата Б и со тоа следната сезона да игра во Втората Светска зона.

Последниот поен Молдавија го освои во игра на двојки. Амар Хусеиновиќ и Обрад Марковски се појавија како конкуренти на Илиа Снитари и Александер Цозбинов, откако победникот беше решен. По еден час и 31 минута дублот на Молдавија победи со 2-0 во сетови (63 75).

Во двата сингл меча се водеше голема борба. Берк Бугариќ во првиот меч водеше со 1-0 во сетови откако го доби првиот сет со 6:4 во гемови, но сепак противникот направи пресврт и ги доби следните два сета со 6:2 и 6:3 што беше водство од 1:0 за Молдавија. Во вториот сингл Калин Ивановски по 70 минути игра го загуби првиот сет со 7:5 откако спаси неколку сет топки. Сепак во вториот сет по 2:0 во гемови за Ивановски, противникот направи серија од пет гема и при резултат од 5:2 Ивановски го предаде мечот.

Во другите мечеви кои се играат во Ларнака денеска во второто коло Кипар ја совлада Малта со 3:0 од Б група, додека од А групата Црна Гора го победи Сан Марино и најверојатно го обезбеди второто место во А групата.

Денес се играат дуелите од третото коло: Македонија – Кипар, Молдавија – Малта (Б група) и Естонија – Сан Марино (А група).

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Свинско филе со смокви и балсамико глазура

Ова свинско филе подготвено со смокви и глазура од...

Песков: Украина може да влезе во ЕУ, но не и во НАТО

Кремљ денеска објави дека суверено право на Украина е...

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ продаден во голем број земји ќе се прикажува и во Австралија

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски...

60 отсто од граѓаните го поддржуваат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ

Над 60 проценти од граѓаните на Македонија продолжуваат со...