Македонија сонува за европска администрација, канцелариите се полнат со партиски војници

Date:

Со новите законски решенија за јавниот сектор, кои се во собраниска  процедура, треба да се намали вработувањето на партиските кадри, а Македонија ќе добие јавна администрација по европски стандарди, најави министерот за администрација и информатичко општество, Азир Алиу.

– Во моментот располагаме со голем број вработени во јавната администрација, нејасно дефинирани процеси за вработување и хаотичен систем за плати. Сето тоа влијае врз состојбите во јавната администрација и ние излеговме со закони кој треба да ги подобри состојбите, изјави во саботата министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

Предлогот на закон за вработените во јавниот сектор, за кој зборуваше министерот Алиу, е еден од петте закони за реформи во јавната администрација што беа усвоени во Владата минатата недела и треба да се најдат на дневен ред во Собранието. Но, овие решенија ќе може да се применуваат од 2025 година.

Дел од законите предвидуваат и формирање на Академија за јавна администрација, а вработените ќе мора да следат обуки и да полагаат испити за да се вработат. Законите дефинираат и услови за директорите кои исто така ќе мора да имаат обуки за работа, вели Алиу.

И министерот Фатмир Бесими деновиве најави дека од 1 јануари, Министерството за финансии повеќе нема да дава согласност за вработување, туку раководителите на државните буџетски институции сами ќе одлучуваат за новите вработувања во согласност со годишниот финансиски план и прегледот за вработувања. За да стапи на сила оваа новина, прво ќе треба да бидат донесени Законот за буџет и Законот за извршување на буџетот.

Во исто време додека власта најавува стегање на обрачот за партиските вработувања по изборите, опозициската ВМРО-ДПМНЕ излезе со информации за нови партиски вработувања пред избори.

Еден од последните вакви случаи на обезбедување на вработување по партиска линија, според укажувањата на ВМРО-ДПМНЕ, е вработувањето на Александра Стојчевска, ќерка на поранешната пратеничка Мира Стојчевска од Делчево, „позната како Мира Дизел, која гласаше за промена на уставното име на државава”, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според обвинувањата на опозициската партија, ќерката на пратеничката добила решение за работа на неопределено време, а  почнува со дежурства од 1 јануари, иако нема диплома за трансфузиолог.

„Поради системска негрижа се затвораат цели оддели по болници, сепак за децата на актуелни и претходни директори, функционери на СДС и ДУИ веднаш се наоѓа начин да се вработат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Деновиве ВМРО-ДПМНЕ реагираше и за објавените огласа за вработување на над 500 луѓе во ЕСМ, наведувајќи дека тоа е класичен обид за вработување на партиски војници, на позиции за кои платите се движат од 30 до 60 илјади денари.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Познат распоредот на младата репрезентација: Прво гостување во Полска, потоа на домашен терен со Италија

Македонската репрезентација до 21 година, вчера ги доби противниците...

Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината

Карлос Алкарас не пронајде вистински противник во Андреа Вавасори...

Кирјиос: Лудилото со допингувани тенисери мора веднаш да запре!

Австралискиот тенисер со грчко потекло, Ник Кирјиос, даде изјава...

Жизел Бундхен доби трето дете, прво со седум години помладиот џиу-џицу тренер

Бразилската манекенка Жизел Бундхен (44) го роди своето трето...