Фудбалската репрезентација на Македонија забележа скок од три места на најновото издание на ФИФА листата. По одличниот мини циклус во октомври, кога Македонија оствари две победи на гости, против Летонија и против Ерменија, нашиот национален тим забележа напредок од три позиции.
Македонија сега се наоѓа на 69.место на листата на ФИФА со 1.361 поени.
На врвот на листата на ФИФА и натаму е Аргентина, а потоа во Топ 5 следуваат Франција, Шпанија, Англија и Бразил.